Достапни линкови

Западните санкции и тврдоглавата игра на Путин


Русија и долгата битка со западните санкции
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Русија и долгата битка со западните санкции

Рубљата падна на најниско ниво во изминативе две години, откако САД најавија уште една рунда санкции против Русија. Но, Кремљ вели дека нејзиниот финансиски систем е стабилен, а санкциите немале јасни политички ефекти во Москва.

На глобалните пазари се забележува масовна распродажба на руски имот што е предизвикано од стравувањата дека Москва е затворена во бескрајната спирала на санкции од западните земји.

Рубљата падна на двегодишно ниско ниво, бидејќи Соединетите држави најавија дополнителни санкции.

Но, Кремљ вели дека нејзиниот финансиски систем е се уште стабилен.

Тоа го вели и новинарот на новинската агенција Ројтерс Дмитриј Ждањиков.

„Мислам дека Западот се надева оти колку повеќе го притиска Путин, колку се поголеми санкциите, толку поголемо ќе биде незадоволство меѓу руската политичка и бизнис елита и ќе го принуди Путин да го промени својот курс. Но, тоа не се случи во текот на изминатите четири години. Всушност го видовме сосема спротивното“.

Според Ждањиков, Путин најверојатно се огледал на примерот на Иран, кој е под санкции од 1979 година.

„Ако Иран успеа да ги издржи санкциите во последните 30, 40 години, да, економијата е ослабена, но нема причина зошто Русија не може да го стори тоа. Значи, тој игра многу, многу долга и прилично тврдоглава игра“.

Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе има одмазднички мерки, без да соопшти какви, на најавените американски санкции.

Тие, според економскиот аналитичар Сергеј Хестанов, може да имаат ограничено влијание.

„Зборувајќи за контрамерки, Русија не може да им нанесе штета на своите странски партнери кои наметнуваат санкции против неа. Нивната зависност од руски стоки не е доволно силна за Русија да има било каков ефикасенодговор на санкциите“.

Москва се обидува со делумен успех да ги подобри влошените врски меѓу двете земји, откако Доналд Трамп влезе во Белата куќа во 2016 година, а руската политичка елита побрза средбата меѓу Трамп и Путин во Хелсинки минатиот месец да ја означи како победа.

Трамп пак, дома беше критикуван од конгресмените за неговото однесување на самитот, што ги поттикна новите санкции.

А, следните американски мерки може да одат многу подалеку.

Конгресот размислува дали да ја прекине речиси целата трговија меѓу двете земји и да и забрани на Руската национална авиокомпанија да слетува на американските аеродроми.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG