Достапни линкови

Заев за „Та Неа“: Време е бурето барут да стане извор на стабилност


Зоран Заев на насловната страница на Та Неа

„Потребна е политика, а не нови граници“. Со ваква насловна страница излезе викенд изданието на грчкиот весник „Та неа“ со интервју со македонскиот премиер Зоран Заев.

Во опширното интервју премиерот Заев вели дека не постои подобар договор од актуелниот, изразува надеж дека пратениците ќе ја почитуваат волјата на граѓаните кои гласаа на референдумот. Потенцира дека е време Балканот од буре барут да стане извор на стабилност, а говори и за текот на преговорите, но и упатува порака до Грција дека сега имаме можност за историски успех како инвестиција за иднината, објави МИА од Атина.

Во пресрет на гласањето за уставните измени, премиерот вели дека исполнувањето на визијата за иднината на земјата, поддржана од мнозинството граѓани на референдумот, сега е во рацете на секој член на Собранието.

XS
SM
MD
LG