Достапни линкови

Турскиот суд го ослободи американскиот свештеник Брансон


Архива: американскиот Свештеник Андру Брансон.

Турскиот суд пресуди да го ослободи од домашен притвор американскиот свештеник Андру Брансон и покрај тоа што го осуди на три години затвор за обвиненија поврзани со тероризам.

Судот наведе дека Брансон, кој беше во центарот на дипломатскиот спор меѓу Анкара и Вашингтон, нема веќе да поминува време во притвор поради времето што веќе го отслужил.

Одлуката на судот беше донесена на четвртото рочиште, што значи дека Брансон ќе може да ја напушти Турција и да се врати во САД.

Брансон беше обвинет за поврзаност со курдските милитанти и поддржувачи на турскиот свештеник во САД Фетула Ѓулен кој Анкара го обвинува за неуспешниот државен удар во 2016 година.

XS
SM
MD
LG