Достапни линкови

Рочиште за „Траекторија“: се читаа СМС пораки меѓу Јанакиески и Ставрески


Миле Јанакиески пред Суд.

Вкупно 103 СМС пораки кои биле разменети меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески во периодот меѓу 16 мај 2012 и 3 април 2013 година, денеска беа прочитани во Кривичниот суд на рочиштето за предметот на СЈО „Траекторија.“

По паузата од еден час треба да бидат читани 156 пораки меѓу Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерство за транспорт и врски Елена Кузмановска.

Адвокатот Еленко Миланов ги оспори доказите и посочи дека постои наод и мислење од технички советник Орце Симов, кој укажува дека не може да се гарантира оригиналност на пораките.

На тоа претседателот на судечкиот совет рече прво ќе се изведат доказите, а подоцна ќе се слушнат забелешките на одбраната. Претпладнево во судот беа прочитани вкупно 103 пораки што биле разменети меѓу Јанакиески и Ставрески во периодот од 16 мај 2012 до 3 април 2013 година.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

XS
SM
MD
LG