Достапни линкови

Награда „11 Октомври“ за Михајловски, Лазаров, Арсовски и Ставридис


Денеска во Собранието на Република Македонија им беше врачена државната награда „11 Октомври“ за 2018 година на преведувачот и писател Драги Михајловски, на писателот и новинар Ристо Лазаров, на актерот Петре Арсовски и на хирургот-уролог Александар Ставридис.

Наградата Михајловски, Лазаров и Арсовски ја добија за животно дело во областа на културата и уметноста, а Ставридис за животно дело во областа на здравството.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“, која е највисоко признание за животно дело. На добитниците наградата „11 Октомври“ им ја врачи претседателот на Одборот, Драги Ѓорѓиев.

Во име на добитниците на годинашната награда „11 Октомври“ се обрати Лазаров, кој се заблагодари и рече дека „високото признание го сфаќа како следбеничко чекорење по славните врвици на големите татковци на современото македонско општество, тие што во мракот го пробија патот до светлината, тие што од искушенијата правеа решенија“.

XS
SM
MD
LG