Достапни линкови

За Ципрас и Штајнмаер Договорот од Преспа е храбар потег


Потпишувањето на Договорот , 17 јуни 2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на нивната денешна средба во премиерската палата во Атина го окарактеризирале Договорот од Преспа како храбар и смел потег, јавува МИА.

Во изјавите на почетокот од средбата, Штајнмаер го поздравил договорот меѓу Македонија и Грција и изразил жалење за резултатот од референдумот, додека пак Ципрас рекол дека Договорот од Преспа е модел на разбирање и взаемно почитување на два народи.

XS
SM
MD
LG