Достапни линкови

Заев - Заканитe ги замолчуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ


Премиерот Зоран Заев вели дека дел пратеници од опозицијата се свесни дека нема план Б ако пропадне Договорот со Грција, но дека најверојатно поради закани и поради непријатниот момент, не ги искажуваат своите ставови.

Тој денеска во Собранието, по доделувањето на државната награда 11 Октомври, одговарајќи на прашањето дали е вистина дека има обезбедено двотретинско мнозинство, но дека се молчи, бидејќи се врши притисок врз пратениците од опозицијата, рече дека сите се ужаснати од помислата што после ако пропадне оваа можност.

Запрашан дали со притисок и со пари може да им се променат ставовите на оние кои се против, Заев рече дека ако се користат такви методи, тоа нема да успее, оти решението мора да биде одржливо, па затоа тој цело време користел зборови „пријатна атмосфера, благопријатна атмосфера, разговор, интерактивност.

Тој повика опозицијата да биде разумна и рече дека очекува да се надминат партиските и политичките предрасуди и да се внимава на иднината на државата.

Запрашан за новите истраги на СЈО, тој рече дека не ги знае деталите и дека за нив прочитал во медиумите.

„Не гледам никаква поврзаност во тоа што се случува во Собранието, затоа дебатата е транспарентна, јавна, јавно ќе се носат одлуките насекаде и верувам дека секоја институција паралелно со политичките одлуки кои се носат во државата, си носат одлуки, системот функционира и работи“, рече Заев.

Во врска со тоа дали ќе побара оставка од вицепремиерот Бујар Османи, кој е еден од обвинетите во истрагите на СЈО, рече дека неговиот став е дека „Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже“.

XS
SM
MD
LG