Достапни линкови

Кадиров со осуда за однесувањето на млад Чеченец кој навреди руски тинејџер


Архива: чеченскиот лидер Разман Кадиров.

Лидерот на рускиот регион на Северен Кавказ, Чеченија, го осуди однесувањето на младо лице етнички Чеченец, кој се појави на видео како напаѓа тинејџер во автобус.

„Тој нема ништо со Чеченците и чеченската традиција“, напиша денеска на социјалните мрежи Разман Кадиров по видео кое беше објавено на „Јутјуб“ претходниот ден.

Кадиров исто така го повика младиот човек „веднаш“ да дојде и да се појави кај него во чеченскиот главен град Грозни, додавајќи дека „ќе зажали“ ако не го стори тоа.

Подоцна истиот ден, друго видео се појави на „Јутјуб“ во кое млад Чеченец со истиот глас како во првото видео, се извинува за неговото „несоодветно однесување.“

Во видеото објавено на 10 октомври се гледа како младиот човек фрла празна конзерва кон тинејџер кој е етнички Русин, принудувајќи го на руски јазик да каже „Ахмат е моќ.“

Русинот вели: „да, Ахмат е моќ, тоа го знам, но не ли би било добро да се однесуваш правилно?“

„Затворија ја устата“, одговара Чеченецот.

Не е јасно каде и кога се случил инцидентот. Кадиров напиша дека лицето нема право да го употребува слоганот „Ахмат е моќ.“

Слоганот за чеченскиот спортист настана, откако Кадиров го преименува фудбалскиот тим Терек и клубовите за боречки вештини во Чеченија по неговиот татко Ахмат Кадиров – чеченскиот претседател поддржан од Москва кој загина во бомбашки напад на фудбалски стадион во 2004 година.

XS
SM
MD
LG