Достапни линкови

Руско-американски вселенски тим се врати на Земјата поради проблеми по полетувањето


Казахстан: членовите на екипажот пред лансирањето.

Две лица како дел од руско-американски тим се вратија на Земјата во нивната капсула „Сојуз“, во итно слетување откако се случил проблем со ракетата за забрзување веднаш по лансирањето кон Меѓународната вселенска станица, соопшти телевизијата на НАСА.

Руските новински агенции цитирајќи извори известуваат дека двајцата членови на екипажот, космонаутот и астронаутот, се живи и неповредени по итното слетување во Казахстан. Проблемот се случил по лансирањето.

Тимовите за пребарување и спасување се упатија кон областа каде се очекувало, како што соопшти телевизијата на НАСА, „тешкото слетување.“

XS
SM
MD
LG