Достапни линкови

Будимпешта и Киев во спор околу етничките Унгарци во Украина


амбасадорката на Украина во Унгарија Љубов Непот, Будимпешта, 07.10.2018

Меѓу Унгарија и Украина ескалира дипломатскиот спор, откако Будимпешта го повика украинската амбасадорка Љубов Непот во знак на протест поради, како што се наведува, „смртниот список“ чија цел биле етничките Унгарци во Украина, како и поради движењето на војската на заедничката граница. Унгарското министерство за надворешни работи оцени дека „антиунгарската политика достигнала ново ниво“ и оти ЕУ и НАТО би требало да испитаат што се случува во Украина, односно зошто дошло до движења на украинската војска во областа Транскарпатија каде што живеат 100 илјади етнички Украинци. Исто така се бара истрага и за списокот од околу 300 етнички Украинци на украинската националистичка организација Миротворец.

XS
SM
MD
LG