Достапни линкови

Заев: Повторно сме пред историски избор и со голема должност


премиерот Зоран Заев

„Должни сме да преземеме одговорност за Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. Денес сме повторно пред историски избор: оваа генерација треба одлучно и храбро да го направи исчекорот за нашата стратегиска цел во оваа фаза од нашата историја - егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност и стабилност, признаен идентитет. Сето ова преку членство во НАТО и во ЕУ“. Ова го нагласи премиерот Зоран Заев на синоќешното заедничко, прво прославување на 11 Октомври, Денот на почетокот на народното антифашистичко востание на двата града Прилеп и Куманово пред Меморијалниот музеј во Прилеп „11 Октомври“, некогашниот Участак каде почнале виорните историски настани 1941-та. Според Заев, пред 77 години, нашите државотворни предци направиле избор и го кренале гласот Македонија да ја направат дом на слободата, победник над фашистичкото зло. За Заев, празниците се добар момент да се запрашаме: како да го зачуваме она што го наследивме и како од Македонија да направиме подобра држава.

XS
SM
MD
LG