Достапни линкови

Американскиот судија Кавано обвинет за сексуален напад


Судијата Кавано ќе одговара за наводите за сексуален напад
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Судијата Кавано ќе одговара за наводите за сексуален напад

Кандидатот за член на американскиот Врховен суд, Брет Кавано, и жената која го обвини за сексуален напад во 1982 година, ќе бидат повикани да сведочат во Комитетот за правосудство на Сенатот. Со тоа, се комплицира она што се чинеше дека ќе биде лесен процес во Конгресот на одобрување на неговата кандидатура.

Експлозивните обвинувања за сексуален напад против номинираниот судија на Врховниот суд Брет Кавано, ќе бидат слушнати на вонредна јавна расправа во Сенатот во наредниот понеделник.

Претседателот на Комитетот за правосудство Чак Грасли, потврди дека Кавано и жената која го обвинува Кристин Бласи Форд, ќе сведочат пред Комитетот со цел да се обезбеди поголема транспарентност на процесот.

Потегот дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп им се придружи на оние кои вршат притисок за одложување на потврдувањето на кандидатурата на Кавано:

„Ако е потребно малку одложување, тогаш потребно е малку одложување. Не би требало да биде големо. Но да повторам ова е нешто што требаше да биде објавено многу одамна.“

Педесет и едногодишната професорка на Универзитетот Калифорнија Кристин Форд тврди дека Кавано кој бил пијан ја соборил и ја затворил устата и се обидел да ја соблече на една домашна забава кога биле средношколци пред повеќе од 30 години.

Нејзиниот адвокат Дебора Кац изјави дека инцидентот ја трауматизирал со години.

Републиканската сенаторка од Мејн, Сузан Колинс им се приклучи на демократите кои велат дека конгресмените треба најпрвин внимателно да ги испитаат обвиненијата изречени од Форд.

„Очигледно, ако судијата Кавано лажел за она што се случило, тоа би било дисквалификувачко.“

Најавата за нова расправа следеше откако Кавано ги негираше обвинувањата, а републиканците во Сенатот се обидоа да ја задржат неговата номинација на вистинскиот пат.

Во истовреме претседателот Трамп повтори дека номинација на Кавано се уште била на вистинскиот пат.

Одлуката на Грасли го одложи гласањето за номинацијата на Кавано што Комитетот го планираше за овој четврток.

Најновиот развој на настаните е сценарио што не е видено од експлозивното сведочење на Анита Хил во 1991 година, кога таа го обвини тогашниот кандидат Кларенс Томас за сексуално вознемирување на работното место.

Сепак, Томас на крајот беше потврден од Сенатот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG