Достапни линкови

Мицкоски: Македонија со СДСМ и со Заев ита кон бездната


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешниот марш на опозицијата во Штип на самиот почеток на својот говор се поклони на луѓето кои што ја следат каузата за Република Македонија. Според него, за разлика од премиерот Зоран Заев, првиот претседател Киро Глигоров и првиот премиер Никола Кљусев во деведестите години не го прифатиле тоа што го барал јужниот сосед, зошто не дозволиле, како што наведе Мицкоски, да бидат понижени.

Тој порача дека Македонија со СДСМ и Заев ита кон бездната, а отворено го повика и на телевизиска дебата, на која директно ќе му одговори што мисли за апстиненција.

„Ти прифати Заев јас веднаш ќе ти кажам што мислам, ама ќе треба и да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот, за наместените тендери, за криминалот кој го правиш на дневно ниво и зошто нема никаква санкција за тоа. Излези Заев охрабри се, еднаш речи не на твоите советници, Спасовски ли, Шекеринска ли се викаат, нека те пуштат на дебата да збориме за капитулацијата со која сакаш да ја понижиш Македонија“, порача Мицкоски.

XS
SM
MD
LG