Достапни линкови

Брнабиќ на парадата на гордоста во Белград


Српската премиерка Ана Брнабиќ на парада на гордоста во Белград

Српската премиерка Ана Брнабиќ и градоначалникот на Белград, Зоран Радојчиќ им се придружија на активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата на парадата на гордоста во центарот на Белград.

Тие ќе маршираат од плоштадот Славија до плоштадот на студентите под силно полициско обезбедување со што завршува белградската недела на гордоста. Пред парадата околу триесетина луѓе се собраа во знак на протест против настанот и беа блокирани од полицијата. Демонстраторите носеле крстови и пееле религиозни песни.

XS
SM
MD
LG