Достапни линкови

Воена делегација од Вермонт во посета на Македонија


Командантот на гардата, генерал-мајор Стивен Креј во посета на Македонија во 2014 година

Висока воена делегација на националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, предводена од Командантот на гардата, генерал-мајор Стивен Креј од денеска до 21 септември ќе престојува во посета на Македонија.

Како што соопштија од ГШ на АРМ, делегацијата за време на неколкудневниот престој ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе изврши обиколка на дел од единиците на АРМ, а ќе присуствува и на завршната церемонија на безбедносниот форум во Охрид.

Делегацијата на гардата на Вермонт ќе го посети и Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи.

XS
SM
MD
LG