Достапни линкови

Вучиќ: Во корист на Србија е да се постигне договор со Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во авторски текст во белградскиот весник „Блиц“ наведува дека за неговата земја би било најкорисно доколку Србите и Албанците постигнат договор и доколку засекогаш ги решат своите проблеми.

Според него, потребно е да се надмине „паленечкиот менталитет“ и да се сфати дека дошло ново време, нова ера за целиот Балкан и за Србија, во кои секој може да добие нешто добро и да има полза. Вучиќ порачува дека во регионот постои мит оти Србија е главен виновник за се и дека секогаш сака да војува и да се шири и да го освои Блканаот на сметка на другите.

XS
SM
MD
LG