Достапни линкови

Матис утре во посета на Македонија


Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утре пристигнува во официјална посета на Македонија. Матис се очекува да се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а потоа е предвидена и заедничка изјава за медиумите.

За делегацијата на САД предводена од Матис ќе биде организиран свечен пречек на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата. Матис претходно најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за името, но и загриженост поради можното мешање на Русија во процесот.

XS
SM
MD
LG