Достапни линкови

Активисти пред Владата побараа заштита на реките од хидроенергетски проекти


Собир на активистите „кајакареа“ пред Владата во Скопје.

Активистите „кајакареа“ денеска се собраа пред македонската Влада, со цел подигнување на свеста на јавноста за значењето на недопрената природа и прекрасните речните долини и кањони на Балканот, во услови кога граѓански еколошки организации покренаа петиција за стопирање на изградба на хидроенергетски проекти во заштитените подрачја низ Македонија.

Во оваа насока граѓанските организации „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“ денеска соопштија дека во Македонија речиси сите реки се под големи директни и индиректни „антропогени притисоци, во најголем дел од акумулации изградени на нив.“

„Планирани се над 400-тини хидроенергетски проекти само ва нашата земја. Половина од нив во недопрена природа во најживописните речни долини. Пресушувањето на овие реки и уништувањето на нивното речно корито значи уништување на ретки и ендемични видови флора и фауна кои се дел од пошироки екосистеми, од кои дел е и човекот“, наведуваат од „Еко-свест“ и „Фронт 21/42.“

Тие посочуваат на предупредувањето на Обединетите нации дека до 2015 година стотици милиони луѓе ќе живеат во земји со недостиг на вода за пиење, а оти пресушувањето на реките ги доведува во опасност изворите на питка вода за жителите на многу локации во Македонија.

XS
SM
MD
LG