Достапни линкови

Јанчев - Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со партиската одлука


Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев вечерва изјави дека неговиот став за референдумот е во согласност со одлуката на партијата секој да постапи според сопственото убедување, но оти неговиот предлог бил членовите на партијата да се повикаат да излезат на гласање и да гласаат „против“ референдумското прашање. Јанчев во изјави за неколку електронски медиуми кажа дека тој е против Договорот со Грција за името заради влез на Македонија во ЕУ и во НАТО. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ демантира дека би гласал „за“ референдумското прашање и рече дека својот став на синоќешните состаноци на партијата го соопштил телефонски бидејќи не бил во можност да присуствува на нив во Скопје.

XS
SM
MD
LG