Достапни линкови

Почна најголемата воена вежба по Студената војна, НАТО вели Русија вежба за голем конфликт


Илјадници возила и 300.000 руски, кинески и монголски војници учествуваат во најголемата воена вежба по Студената војна

Неколку илјади возила, летала и воени бродови, како и околу 300 илјади војници ќе учествуваат во најголемите воени вежби што Русија ги организира во последните 37 години, објави „Раша тудеј“, а пренесоа светските новински агенции.

На вежбите, кои се најголемите организирани по Студената војна, учествуваат и единици на кинсеската и на монголската армија.

Според официјалните соопштенија, воената вежба наречена „Восток 2018“ има за цел да ја тестира способноста на руската армија за брзо распоредување и преместување на бројни сили на поголемо растојание, како и координацијата помеѓу родовите при големи воени акции.

Според НАТО, овие вежби „демонстрираат фокусирање на Русија врз маневри за голем конфликт“.

„Тие вежби се дел од модел што го надгледуваме извесно време - посамоуверена Русија, која значително зголемува буџет за одбрана и воено присуство. Во изминатите години сме сведоци на воено присуство на Русија, вклучително и во реоните на Балтичкото и Црното Море како и во Медитеранот“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунџеску.

XS
SM
MD
LG