Достапни линкови

Украинскиот режисер Сенчов во критична состојба


Украинскиот режисер Олег Сенчов кој веќе сто дена штрајкува со глад во руски затвор, се наоѓа во критична состојба, соопшти неговото семејство. . Кремљ ги отфрли наводите на руската агенција РИА Новости, тврдејќи дека група лекари го прегледале Сенчов во понеделникот и утврдиле дека неговата состојба е задоволувачка и дека добил додатоци во исхраната. Роднината на Сенчов, Натали Каплан, денес изјави дека Сенчов се наоѓа на интензивна нега и е во критична состојба, но додаде дека семејството немало целосни информации за неговото здравје. Украинскиот претседател Петро Порошенко на "Твитер" порача дека не поминува ниту еден меѓународен состанок без да побара од светските лидери да бидат поактивни во притисоците на Кремљ за ослободување на Олег и сите други украински затвореници.

XS
SM
MD
LG