Достапни линкови

Американската армија се извини за „Северна Македонија“


Американската армија во Европа се извини затоа што нè именува како Северна Македонија. На Јутјуб каналот на Армијата вчера беше објавено видео од воената вежба на Криволак со опис дека нивната војска извела вежба со северномакедонските војници во Северна Македонија. По реакциите во јавноста, видеото беше тргнато, а армијата на САД во Европа упати извинување.

„Се извинуваме за видеото што беше објавено на социјалните мрежи каде е наведено погрешно име за Република Македонија. Видеото е отстрането. Го цениме нашето партнерство со Армијата на Македонија и жалиме за грешката“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG