Достапни линкови

Царовска: Двојно зголемен буџетот за мерките за вработување


Министерката Мила Царовска

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на денешната прес-конференција реферираше дека „успешно се спроведуваат Оперативниот план за вработување 2018 и пилот-програмата Гаранција за млади“.

Според министерката, за мерките за вработување од Оперативниот план годинава има највисок буџет, односно 987 милиони денари, што е двојно повеќе од 2016 година кога изнесувал 435 милиони денари. Висок процент на оствареност има во мерките обука за занаети, новата мерка за обука за персонални асистенти, обука за вештини од финансиско и банкарско работење, обуки за ИТ-вештини и вештини од областа на безбедноста, обука за странски јазици…

„Заклучно со минатата недела, во десет од мерките имаме речиси стопроцентна реализација. Досега со мерките за вработување се опфатени 4023 лица од планираните 6410 на годишно ниво, што покажува ефикасност во имплементацијата на мерките што е цел на овој План“, рече Царовска.

XS
SM
MD
LG