Достапни линкови

Шекеринска: Структури кои се против НАТО и ЕУ шират дезинформации


Министерката Радмила Шекеринска на Отворениот ден со граѓаните по повод Денот на АРМ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека во Македонија и надвор од земјата „постојат структури кои не сакаат Македонија да стане пристојно место за живеење, кои не сакаат Македонија финално да се стабилизира, и кои не сакаат да стане членка на НАТО и членка на ЕУ и затоа шират дезинформации.

Министерката ова го изјави на денешниот Отворен ден со АРМ, демантирајќи ги информациите во дел од медиумите дека на воениот полигон Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум.

„Лага е дека на Криволак се користи осиромашен ураниум и неодговорно е и антидржавно и срамно што некој се обидува да ја злоупотреби. Најостро и најдецидно ја демантирам дезинформацијата со којашто сакаат граѓаните да се уплашат“, рече Шекеринска.

XS
SM
MD
LG