Достапни линкови

Јанкулоска проверувала дали сопругата на Црвенковски има имот во Хрватска


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Апелациониот суд Скопје

По паузата, во кривичниот суд попладнево продолжи преслушувањето на 1000 аудио материјали поднесени како доказ во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети повеќемина поранешни функционери.

Во една од "бомбите" кои почнаа да се слушаат вчера, поранешниот функционер Мартин Протоѓер и вели на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да провери преку нејзините контакти, дали сопругата на поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.

„Ни треба потврда дали Јасна има куќа на Корчула.“ и вели Протоѓер на Јанкулоска и додава дека тоа може да направи пресврт во партиската кампања во 2011 година.

Јанкуловска , како што вели, побарала услуга од луѓе во Србија, кои првично утврдиле дека таму живее семејство со исто презиме, а потоа и се потврдило дека се роднини.

За предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности, од страна на СЈО поднесени се 5.910 материјални докази и предложени се 191 сведок. Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и други поранешни фукнционери.

XS
SM
MD
LG