Достапни линкови

Потпишан договор за ресурсите од Каспиското Море


Самит на касписките држави

Лидерите на Азербејџан, Иран, Казахстан, Русија и на Туркменистан, денеска, во пристанишниот град Актау во Казахстан, потпишаа нова конвенција за правниот статус на богатото со ресурси Касписко Море, прашање за кои петте земји имаа спор повеќе од 20 години.

Лидерите не соопштија детали од договорот пред потпишувањето.

Иако е езеро, дебатите дали Каспиското Море(Езеро) треба да се смета за море или за езеро траат од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Ако се смета за море, петте земји треба да ја повлечат границата од нивниот брег до средишната точка со соседите. Ако, пак, се смета за езеро, ресурсите треба да се делат еднакво меѓу петте земји.

XS
SM
MD
LG