Достапни линкови

Египетските сили убиле 12 исламист на Синај


Египетски воени возила на Синајскиот Полуостров

Египетските сили за безбедност убиле најмалку 12 исламистички екстремисти во судирите на северот на Синајскиот Полуостров. Државната новинска агенција МЕНА денеска објави дека до судирите дошло кога полицијата нападнала екстремистичко засолниште во градот ал-Ариш. МЕНЕ не наведува кога се случила акцијата, како и дали има загинати или повредени полицајци. Египет им го ограничува пристапот на медиумите во северниот дел на Синајскиот Полуостров. Каиро со години се бори против екстремистите, но судирите се интензивираа по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година.

XS
SM
MD
LG