Достапни линкови

Акциска контрола на МВР за откривање организатори на диви трки


Илустрација

При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, вчера на подрачјето на СВР Скопје биле одземени девет сомнителни мотоцикли.

Како што соопшти МВР, акцијата се одвивала од 18 часот вчера, до еден часот утринава.

Мотоциклите се задржани поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

Полицијата во истиот период по однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, санкционирала 62 возачи за сторени сообраќајни прекршоци.

XS
SM
MD
LG