Достапни линкови

Дванаесетгодишно момче преживеа пад на авион во Индонезија


Дванаесетгодишно момче е единствениот преживеан во падот на мал авион во планинскиот регион во индонезиската провинција Папуа, додека осумтемина други патници загинаа, информираат денеска спасувачите.

Исчезнувањето на авионот беше пријавено вчера.

Според локалниот воен командант, детето е префрлено во болница и е свесно. Причините за несреќата засега не се познати.

XS
SM
MD
LG