Достапни линкови

Албанци главни снајперисти во Ал Нусра


Илустрација: Војна во Сирија

Снајперисти Албанци се борат на страната на Фронтот Ал Нусра во Сирија и како што самите изјавуваат на фронт заминуваат „според потребата на нивните браќа“.

Како што јави дописникот на МИА, ова се наведува во репортажата насловена „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија, објавена на неколку џихадистички интернет медиуми и на социјалната мрежа Телеграм.

Во репортажата се пренесуваат изјави на неколку неидентификувани професионални снајперисти Албанци, кои на албански јазик ја објаснуваат нивната улога во битките против сириските владини сили и другите противнички групи.

Во репортажата се нагласува дека снајперистите Албанци имаат клучна улога во битките на Фронтот и се прикажани снимки на кои се гледа како тие самите на многу професионален начин го модифицираат оружјето.оружје, вели еден од снајперистите Албанци.

Како што се наведува во репортажата, Фронтот Ал Нусра и натаму е активен во реонот на Идлиб, и покрај тековната офанзива на сириските владини сили, потпомогнати од Русите.

XS
SM
MD
LG