Достапни линкови

Иран – Убиени 10 милитанти


Илустрација: Вежба на Иранската револуционерна гарда

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нејзините сили убиле 10 милитанти во курдскиот регион во близина на границата со Ирак. Во соопштението објавено од новинската агенција се наведува дека десеттемина убиени биле дел од „добро опремена терористичка група“ и дека неколкумина други милитанти биле ранети. Не се соопштува дали има жртви на иранска страна. Судирите се случиле во близина на доминантно курдскиот град Ошнавиех. Во областа повремено има судири меѓу иранските сили и курдските сепаратисти, како и со милитантите поврзани со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG