Достапни линкови

Израел и Газа се опасно близу до нов конфликт, предупреди ЕУ


Дипломатската служба на Европската унија, денеска преку соопштение, предупреди дека „Израел и Појасот Газа се опасно близу до нов конфликт“ како резултат на неодамнешните судири.

„Порасот на насилството последниве денови опасно ги приближи Ирзаел и Газа до нов конфликт“, нагласуваат од Унијата и бараат од двете страни да не ги загрозуваат животите на цивилите.

Појасот Газа е под контрола на радикалното палестинско движење Хамас, кое не ги признава мировните договори меѓу Израел и Палестинците.

XS
SM
MD
LG