Достапни линкови

За осум месеци во Европа пристигнале над 60 илјади мигранти


Меѓународната агенција за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека од почетокот на оваа година во Европа, преку Средоземното Море, пристигнале над 60.000 мигранти и бегалци, а над 1500 загинале или исчезнале на патот кон Европа, поради што медитеранската рута неофицијално е прогласена за најопасна мигрантска рута во светот.

„До завчера во Европа пристигнале 60.309 мигранти и бегалци, а загинале 1.520, од кои 10 само оваа недела. 24.600 бегалци биле прифатени во Шпанија, 19.000 во Италија, 16.500 во Грција, околу 250 на Малта и над 100 на Кипар. Во истиот период лани, преку Медитеранот во Европа, пристигнале 117.000 мигранти и бегалци, а во 2016 година над 263.000“, изјави портпаролот на ИОМ, Џоел Милман, на прес-конференција во Женева.

XS
SM
MD
LG