Достапни линкови

Русија воведува забрана за увоз на праски од Македонија


Руското регулаторно тело за безбедност на храна соопшти дека Русија најави оти од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста, објави Ројтерс.

Летово од Македонија во Русија беа извезени три милиони килограми праски, а оттаму поради сомнеж дека се заразени се вратени 120 илјади килограми. Регулаторот, како што пренесува Ројтерс, соопштил дека во српските праски и кајсии увезени од 13 јули била откриена габичката „Monilinia fructicola“. Според рускиот регулатор, таа габичка била пронајдена и во плодови од Македонија.

Руската амбасада во Скопје, за МИА потврди, дека според информациите објавени на интернет страницата на руската федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола „Роселкхознадзор“, воведена е привремена забрана за увоз на коскести овошја од Македонија, која што стапува на сила од 15 август, како и дека одлука за понатамошно постапување ќе биде донесена по завршување на истрагата на двата надлежни органи од Русија и Македонија.

XS
SM
MD
LG