Достапни линкови

Руски бизнисмен цел на бомбашки напад во Бишкек


Инцидентот во центарот на Бишкек во кој наводно е нападнат рускиот бзинисмен Гајдуков. 10.08.2018.

Руски бизнисмен бил цел на бомбашки напад во Бишкек, велат полициски извори во киргистанскиот главен град. Според полицијата, денеска била пријавена експлозија од страна на жители на куќа во центарот на Бишкек.

Областа во моментов е затворена од старана на полицијата. Неколку медиуми цитираа полициски извори како велат дека рускиот бизнисмен Александар Гајдуков веројатно е цел на напаѓачите кои сакале да го исплашат.

Видео направено од безбедносна камера на зградата покажува како три лица и се качуваат по скалите, кога експлозијата ги погоди ѕидовите на зградата.

Властите во Бишкек не излегоа со официјално соопштение.

Гајдуков беше однесен во болница и беше пуштен после неколку часа. Докторите изјавија дека бил третиран за помали повреди на колкот и на раката. Во близина на истата област во 2016, Гајдуков беше застрелан два пати. Напаѓачот не беше идентификуван.

XS
SM
MD
LG