Достапни линкови

Авганистанските сили со помош на САД се одбранија од голем напад на Талибанците


Чад за време на нападот на Талибанците во авганистанскиот град Газни. 10.08.2018.

Стотици талибански милитанти започнаа голем напад во провинциски главен град во Авганистан, убивајќи најмалку 14 припадници на авганистанските безбедносни сили, пред да бидат притиснати назад со помош на воздушните сили на САД, изјавија воени претставници на САД и Авганистан.

При денешниот напад врз Газни, околу 150 километри од Кабул, исто така беа повредени најмалку 20 членови на безбедносните сили, изјави Баз Мухамед Хемат – администратор во градската болница во Газни.

Нападот врз Газни започна рано наутро, со тешки борби во неколку делови на градот, изјави шефот на провинциската полиција Фарид Ахмад Машал.

Тој рече дека бројот на загинати и повредени во борбите е околу 100 лица, повеќето од нив милитанти.

Армијата и помогна на полицијата да го вратат градот повторно под контрола на владините сили, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Мухамед Радманиш.

Американски воени авиони, дронови и хеликоптери дојдоа на помош на авганистанските сили, пред да успеат да го одвратат нападот на Талибанците.

XS
SM
MD
LG