Достапни линкови

Манчевски: Иванов се обидува да ја врати Македонија во изолација


Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска порача дека претседателот Ѓорѓе Иванов со неговиот говор од Мечкин Камен по повод прославата на Илинден се обидел да ја врати Македонија во изолација, онаму каде што ја донел заедно со неговиот политички ментор, Никола Груевски. Според него, Иванов се поставил против стратешките интереси и иднината на Македонија, како и против подобар живот, повисоки плати и нови работни места. Иванов, како што наведува Манчевски, подбуцнал меѓунационална и меѓуверска нетрпеливост.

„Ќе му порачам на Иванов, убаво да го прочита договорот и да види дека е загарантиран и македонскиот јазик и македонската национална посебност, дека е загарантиран македонскиот идентитет, еднаш и засекогаш, за навек, за она за што сме се бореле сите“, истакнува Манчевски.

Тој ги повикува и граѓаните што помасовно да излезат на референдумот.

XS
SM
MD
LG