Достапни линкови

Почина Оливер Драгојевиќ


Оливер Драгојевиќ

На 70 годишна возраст почина Оливер Драгојевиќ еден од најпопуларните музичари од поранешна Југославија. Драгојевиќ почина изутрината во болница во Спилт. На пејачот пред една година му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Тој е роден на 7 декември 1947 во Вела Лука на островот Корчула. Драгојевиќ има настапувано во Карнеги хол во Њујорк, Ројал Алберт Хол во Лондон, Олимпија во Париз и во Сиденјската опера. Тој по војната за независнот на Хрватска 1991-1995 година одбиваше да настапува во Србија.


XS
SM
MD
LG