Достапни линкови

Македонија мора да има програма за трансплантација на срце


Проф. д-р Александар Николиќ, Аџибадем систина.

Професор доктор Александар Николиќ, шеф на кардиохируршкиот оддел во Аџибадем Систина вели дека по зафатот со вградување вештачко срце тој очекува во Македонија да заживее и трансплантацијата на срце. Сите земјите во регионот имаа трансплантација, вели тој.

Професоре Николиќ вие изведовте интервенција за вградување вештачко срце што е новина во Македонија, а во регионот претходно е изведена во Дедиње, исто така од ваша страна. Какво е значењето на овој зафат и се планира ли во иднина?

Значењето на овој зафат е голeмо за македонското здравство и за здрaвството во регионот. Тоа е една ислучително тешка хируршка интервенција, која има барања и во технолошка смисла, бидејќи е потребна најнова технологија за да се изведе. Оваа операција му дава можност на пациентот евентуално еден ден да доживее трансплантација. Вешатачкото срце му го породолжува животот на болниот за најмалаку шест години. Оваа интервенција не само што го унапреди македонското здравство и здравството во регионот, туку ќе повлече и други блиски гранки и блиски интервенции, а тоа е особено трнанспланатациската програма. Трансплантациската програма мора итно да заживее во Македонија, зашто срцевата инсуфициенција денес е една од најраширените болести во Европа и во САД и се шири како епидемија. До неодамна три проценти болни заболуваа од оваа болест во секоја држава, а сега тој процент се искачи на пет проценти. Во Македонија моментално секој месец има 20 до 30 болни кои се животно загрозени од оваа болест. Секако најквалитетен начин за лекување на вакви болни е трансплантацијата, но бидејќи ја нема мислам дека оваа програма ќе го повлече и тоа. Македонија мора да има трансплантација, зашто сите земји во околината имаат трансплантација и тоа е работа која над 50 години се врши во цел свет. Не смееме да дозволуваме тоа да го немаме овде и нeмa причина да не се направи консензус на државно и на здравствено ниво за тоа кој може да го прави и за процедурата како може да се донираат органи.

Има ли во Македонија услови лекарите да изведуваат револуционерни методи и сложени операции?

Секако дека има, да немаше нема да успееме да го направиме ова. Сигурно дека постојат и многу побогати и помалку богати земји кои тоа го прават. Кадровски Македонија е во исклучително добра ситуација, има исклучително добри лекари. Мислам дека интервентната кардиологија е една од најдобрите во регионот. Клиничкиот центар разви перфектна интервентна кардиологија, од таму дојдоа лекари и во нашата болница и во други болници. Имаме ислучително добри кардиолози исто и во Аџибадем Систина има врвни кардиолози. Потоа почна како надоградба да се развива и кардиохирургија. Во Македонија моментално постојат три кардиохирургии, и тоа е добро, да има меѓу нив здрав натпревар, сите да работат и да се трудат да бидат подобри, тоа е вистинскиот пат. Она што е потребно, како во развиените земји, е целосно да се изедначат приватното и државното здравство и на тој начин да се создадат услови сите овие интервенции да се изведат. Очигледно дека во приватното здравство е полесно некои работи да се изведат, додека јавното здравство е сигурна основа на сè, но е гломазно и има наследство од поранешните политички системи и во таа смисла сугурно постојат организациски проблеми. Не се бавам со политика и повеќе би се држел до операциската сала, а не до организација на работата, особено не во јавното здравство.

Во Европските земји сложени операции се изведуваат секојдневно додека кај нас тоа е многу поретко. Дали недостасуваат пари или знаење?

Сигурно и финансиите нешто ограничуваат. Второ не сме толку голема земја, не може да се споредуваме со Германија, која сега има над 80 милиони жители и која има исклучително голем буџет и затоа и се помали бројките. Но, факт е дека тоа се прави и дека ние сме почнале. Финансии има, и ако почнавме тоа значи дека ќе дојде до заштеда и такви интервенции сигурно ќе бидат поевтини отколку во странство. Таму исклучително многу се наплаќа. Во странство нашите пациенти мора да чекаат на ред зашто имаат приоритет домашните државјани. Со пациентите одат и семејствата и тоа се дополнителни трошоци.

Ние сме подготвени да одиме понатаму, да не застанеме на еден пациент. Сигурно дека ќе направиме зафати за пациенти кои ќе имаат таква потреба. Првиот случај е добар. Пациентот е исклучително добар. Се надевам дека оваа програма заживеа и станавме лидер во модерно лекување на срецевата инсуфициенција.

Првиот зафат беше на товар на Фондот. Какви се плановите во иднина?

Сметаме и натаму да соработуваме со Фондот. И во најбогатите земји во Европа и САД некое од осигурувањата ги покриваат трошоците. Малку кој има да даде толкави пари за една ваква интервенција. Како граѓани мора да бидеме солидарани. За вакви тешки работи, кога некој го губи животот, државата мора да издвои пари и да им помогне на тие луѓе, особено што тоа се млади луѓе на возраст од 40 или 45 години кои го губат животот единствено зашто немаат можност да набават еден ваков апарат. Ова значи мора да го следи државата, и секоја држава тоа мора да го следи. Тоа е грижа на секое општество.

Дали јавното здравство треба да го следи примерот на изведување сложени операции како оваа?

Секако. Јас сум за тоа дека и другите треба да работат. Јавното здравство има исклучителни лекари, исклучителни кардиолози. И овој пациент доаѓа од јавното здравство, кардиолозите во Штип исклучително добро ја препознаа болеста, тие долго го лечеа и кога ги исцрпија можностите, го испратијата во терцијална установа и тоа е вообичаениот пат. Тие го испратија во Клиничкиот центар, а од таму пациентот го испратија кај нас.

Работев во многу земји од поранешна Југославија, во Србија, работев во Црна Гора, одев и соработував и во Словенија и во Хрватска. Морам да признаам дека македонската кадриодолигија е една од водечките во поранешна Југославија. Во клиничкиот центар лекарите препознаа дека ние овде може да ја направме таа интервенција и го упатија пациентот кај нас. Лекарите му го спасија живот на пациентот со тоа што го упатија кај нас.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG