Достапни линкови

Лидерската продолжува, Мицкоски нема да повика на бојкот на референдумот


Лидерската средба на Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами продолжи по половина час пауза и без официјални информации за првиот дел од состанокот.

Неофицијално, од СДСМ само накратко велат дека разговорите продолжуваат, но дека лидерите се далеку од договор.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, брифирале дека на средбата се уште не дискутирале за референдумот, туку за концептот за финансирање на политичките партии и за Законот за Влада. Оттаму велат дека владеачките партии на средбата дошле неподготвени.

Од опозициската партија информираат дека Мицкоски, сепак, нема да повика на бојкот на референдумот, во ситуација кога СДСМ инсистира на успешен референдум, објави МИА.

XS
SM
MD
LG