Достапни линкови

Заев: про-руски бизнисмени плаќаат за насилни протести во Македонија


Зоран Заев

Претседателот на владата на Република Македонија Зоран Заев во интервју за BuzzFeed News изјави дека про-руски бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО, со плаќање за насилни протести. Странци блиски со Русија платиле илјадници долари да предизвикаат насилство со цел да ја спречат Македонија да се интегрира во НАТО, истакна Заев. Дел од нив се поврзани со медиуми, дел ги охрабруваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци. Тоа е многу очигледно, додаде тој.

Заев одби да именува кој стои зад плаќањата, спомнувајќи ја истрагата која е во тек и чувствителноста на дипломатските односи кои ја опкружуваат земјата во обидите за членство во НАТО. Тој нагласи дека полицијата дознала за плаќањата по приведувањето на неколку учесници во насилните протести пред парламентот во минатиот месец.

XS
SM
MD
LG