Достапни линкови

Мицкоски: Формирањето на ДИК не е издвоено прашање


Архива: Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Формирањето на Државната изборна комисија не треба да се гледа како издвоено прашање, тоа беше дел од еден поголем пакет кој започна со таканаречените реформски закони, кои беа усвоени во март-април годинава, а опозицијата учествуваше во нивното креирање и усвојување кога се врати по неколкумесечното отсуство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Втората работа, донесена и прифатена од Владата, е донесувањето на законот за финансирањето на партиите и измените во законот за Влада каде треба да се дефинираат истите оние услови кои ги имаше опозицијата за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, па дури потоа на дневен ред доаѓа формирањето и изборот на ДИК“, рече Мицковски.

Тој демантира дека ВМРО-ДПМНЕ уценува со амнестија, наведувајќи дека таа е посебен процес, за којшто ВМРО-ДПМНЕ во консултација со партиските структури ќе достави во Собранието закон за амнестија и ќе инсистираме на неговото донесување, вели Мицковски. Тој додава дека се додека не се распише референдумот, многу веројатности и опции се отворени, наведувајќи дека е можно тој и да се случи и да не се случи.

„Се до оној момент додека референдумот не биде распишан и додека не биде дефинирано рефенрендумското прашање, сите опции се отворени. Распишувањето на референдумот го прави мнозинството во парламентот, а тоа не е ВМРО-ДПМНЕ“, Мицковски.

XS
SM
MD
LG