Достапни линкови

Следната недела продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина


Архива: косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Челниците на косовските државни институции оствариле средба за координација, пред продолжувањето на преговорите со Србија и се договориле заедно да заминат во Брисел на новата рунда од дијалогот, потвруваат од кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри Весели, премиерот Рамуш Харадинај, министер за надворешни работи Беџет Пацоли и други функционери, во среда на 18 јули ќе заминат во Брисел на средба со високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини, велат од кабинетот на Харадинај.

XS
SM
MD
LG