Достапни линкови

Тројца повредени во престрелка во Тетово


Македонска полиција, МВР.

Во вооружената престрелка на улицата „29 Ноември“ во Тетово, од прострелни рани сериозно се повредени три лица, кои потоа биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза.“

Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Случајот бил пријавен два часа по полноќ во полициска станица во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека веднаш по пријавата на терен се излезени екипа од СВР Тетово и од Јавното обвинителство и оти од местото на настанот подигнати се пиштол марка „зброевка“, рамка со осум куршуми и пет чаури. На местото на настанот пронајдено е и патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички, пренесува МИА.

XS
SM
MD
LG