Достапни линкови

Матис: Руските активности во Југоисточна Европа имаат дестабилизирачки карактер


Американскиот секретар Џејмс Матис на средба во Загреб со министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека активностите на Русија во Југоисточна Европа имаат дестабилизирачки карактер и оти со нивните активности ја поткопуваат демократската структура на земјите преку ширење лажни информации, економски мерки и мешање, соопшти Пентагон.

Матис во Загреб се сретна со министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба, иницијатива формирана во 2003 година од страна на Албанија, Македонија и Хрватска за да се олесни влезот на овие земји во НАТО. Во 2008 година им се приклучија и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG