Достапни линкови

Иран го отфрли предлогот на Трамп за олеснување на санкциите


Рускиот претседател Путин се ракува со високиот советник на иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи, Али Акбар Велајати.

Висок советник на иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи го отфрли предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, Иран да постигне договор со САД за олеснување на „болката“ од економсите санкции.

Али Акбар Велајати, за време на неговата посета на Москва на 13 јули, исто така ги отфрли барањата на САД и Израел да се повлече армијата на Иран од Сирија, велејќи дека тоа ќе се случи само ако тоа го побара владата на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

„Дојдовме таму без дозвола на Американците и нема да ги послушаме нивните барања да заминеме. Иранското присуство во Сирија, го координираме со Русија и Сирија“, рече тој.

Велајати се сретна со рускиот претседател Владимир Путин да дискутираат за ситуацијата во Сирија, еден ден откако Путин се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој рече дека побарал од Путин да го повика Иран да ја напушти Сирија.

XS
SM
MD
LG