Достапни линкови

САД обвини 12 руски разузнавачки службеници за хакирање на изборите


Заменик-јавен правобранител на САД Род Розенштајн,

Американското специјално истражителство обвини 12 руски разузнавачи за хакерство во американската демократска партија и за протекување на украдени пораки и други информации за време на претседателската кампања во 2016 година. До обвиненијата, објавени денеска од страна на заменик-јавниот правобранител Род Розенштајн, доаѓа на само три дена пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот водач Владимир Путин.

"Обвинението за 12 те руски воени офицери е поради мешање во претседателските избори во 2016 година", рече Розенштајн. Кремљ редовно ги негираше ваквите наводите за мешање во изборната кампања на САД. Трамп изразуваше сомнежи во американските разузнавачки заклучоци дека Москва се ангажирала во обид да ги потисне гласачите на САД. Розенштајн рече дека Трамп бил информиран за обвиненијата пред да замине на своето патување во Европа.

XS
SM
MD
LG