Достапни линкови

Хан и Могерини: Патот кон ЕУ е отворен и процесот е неповратен


Високата претставничка за надворешни работи, Федерика Могерини

По состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ високата претставничка за надворешни работи, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, изразија огромно задоволство за последните случувања во Македонија, отворањето на патот за преговори во јуни 2019, поканата за членство во НАТО, постигнатиот договор со Грција како и со Бугарија.

"Сетете се, пред само еден месец договорот не беше потпишан, поканата за НАТО не беше доделена и ја немаше одлуката на Советот со временска рамка за преговори, за помалку од еден месец се наоѓате во сосема различно место", рече Федерика Могерини.

Могерини потпишувањето на Договорот со Грција го нарече “еден од најголемите успешни приказни на нашето време “.

"Очекуваме од сите сили во владата и опозицијата да продолжат да работат заедно за европските реформи. Вратата за ЕУ е отворена и патот на земјата кон ЕУ стана сега неотповиклив, а ние стоиме цврсто до вас", изјави високата претставничка.

Еврокомесарот Јоханес Хан потврди дека ќе биде во Македонија на 17 јули за стартот на техничкиот дел на процесот на скрининг со Владата.

"Оваа подготвителна работа не е нешто што се прави за неколку недели, треба да се подготват сите 35 поглавја кои ги покриваат пристапните преговори, тоа мора внимателно да се подготви и е клучно да ја направиме оваа работа за една година", рече Хан.

XS
SM
MD
LG