Достапни линкови

Трамп и Меј разговараа за Русија и Иран


Британската премиерка Тереза Мај и американскиот претседател Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека побарал од Британија да го одржи притисокот врз Иран и оти се согласил со премиерката Тереза дека Техеран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје. Трамп и Меј зборуваа на заедничката прес-конференција по денешните разговори во официјалната резиденција на британската премиерка.

Во меѓувреме, десетици илјади демонстранти протестираа во Лондон против Трамп.

Меј и Трамп исто така, разговараа и за Русија, меѓу другите теми. Меј му се заблагодари на Трамп за поддршката на САД по труењето на поранешниот руски шпион и неговата ќерка во Англија во март, за што нејзината влада ја обвинува за Русија, која негираше каква било вмешаност во нападот. Трамп потсети дека 60 разузнавачи беа протерани од руската амбасада во Вашингтон како одговор на нападот.

Трамп е во посета на Велика Британија по Самитот на НАТО што се одржа од 11 до 12 јули во Брисел и пред состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Њујорк што треба да се одржи во понеделник, на 16 ти јули.

XS
SM
MD
LG