Достапни линкови

ЕП: Јуни 2019 да се одреди како датум за старт на преговорите со Македонија


Европскиот Парламент ја поддржа препораката на ЕКЛ за Македонија

Европскиот Парламент го завршил нацрт-извештајот за Македонија и со него ѝ дава полна поддршка за почетокот на преговорите со ЕУ во јуни 2019.

„ЕП целосно ја поддржува препораката на Европската Комисија и одлуката на Советот да се одреди јуни 2019 како датум за старт на преговори како признание за охрабрувачките реформски напори, смета дека брзо отворање на скрининг процесот и на пристапните преговори ќе го оддржи и продлабочи реформскиот момент, смета дека отворањето на преговорите би донело дополнителен поттик за демократизација, и би ги зајакнало надзорот и отчетноста“, стои во нацрт-извештајот на Европскиот Парламент за Македонија кој ќе биде на гласање во ноември годинава.

Со овој документот ЕП го повикува македонското Собрание “целосно да ги искористи своите надзорни и законодавни функции“ и да ја ограничи употребата на итните процедури, и им порачува на политичките партии во земјата да ги демократизираат своите внатрешни процедури на одлучување.

Како и во извештајот на Европската Комисија, и одлуката на Советот за старт на преговори, најголемите критики се однесуваат на владеењето на правото во Македонија.

XS
SM
MD
LG